октомври 23, 2017

Охрид, 23. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а температурата ќе достигне 14. степени.

– Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Врнежите ќе продолжат и утре, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од среда ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука