Охрид/Скопје, 23. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – За денеска во Скопје е најавено потпишувањето на договорот помеѓу инвеститорот на новата автобуска станица во Охрид, „Делфина турс“ и компанијата „Веропулос“, со што официјално ќе биде потврдено доаѓањето на Веро супермаркет и познатиот Веро Џамбо во Охрид, кои ќе бидат сместени во трговскиот центар кој ќе се гради кај новата автобуска станица.
Објектот на новата современа автобуска станица во Охрид ќе биде пуштен во употреба околу Нова година, најмногу до крајот на месец јануари идната година, по што ќе се започне со ископ за трговскиот центар.
Според договорот, до крајот на 2018 година објектот за новиот трговски центар треба да биде во фаза на карабина, по што „Веропулос“ ќе почне да го уредува својот простор.
– Трговскиот центар ќе се протега на површина од над 10.000 м2. Веро Џамбо ќе зафаќа површина од 2.000 м2, супермаркетот ќе биде со површина од 1.000 м2 и уште исто толку магацински простории во подземниот простор, информираа за Супер радио и OhridPress од „Делфина турс“.
Оттаму не информираа дека постои интерс за закуп и на преостанатите деловни простории во рамки на трговскиот центар, за кои преговорите ќе ги води скопска фирма. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива