октомври 24, 2017

Скопје, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Јавното обвинителство за денеска закажа распит на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски за настаните од 27-ми април.

Од снимките на службените камери во Собранието се гледа како овие двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат вратите од главниот собраниски влез пред да влезе толпата која ги предизвика немилите настани. На распитот во обвинителството Мукоски и Василевски ќе треба да ги објаснат овие нивни постапки.

За овие настани досега 15 лица се осомничени за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство и за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Неколкумина веќе се обвинети и за обид за убиство, а еден е осуден на четири години затвор. (Крај)

извор: мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука