октомври 24, 2017

Охрид, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Ротари клубот од Охрид денеска ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против детска парализа.

Акцијата е насловена „Охрид помага за End Polio“, а се одржува во Bistro Corner се до 14 часот.

Polio-poliomyelitis, односно детска парализа е болест предизвикана од инфекција со полио вирусот, кој се шири преку директен контакт – лице в лице, преку контакт созаразена слуз или секрет од нос или уста, како и преку контакт со заразен измет.

Вирусот навлегува низ устата или носот, се размножува во грлото и цревниот тракт, а потоа се апсорбира и се шири преку крвниот и лимфниот систем.

mapa_polio_640x360

Мапа каде се одбележува Светскиот ден за борба против детска парализа

Во 1985 година, Rotary International го лансира PolioPlus, првиот и најголем меѓународно координиран проект за поддршка на јавното здравство од страна на приватниот сектор, а првичната донација изнесувала 120 милиони американски долари.

Ротари клубот во Охрид постои веќе 13 години и има организирано и поддржано бројни акции и хуманитарни настани.

superradiopolio

И нашата медиумска куќа, Супер радио се придружи во одбележување на Светскиот ден за борба против детска парализа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука