октомври 25, 2017

Охрид, 25. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес беше комплетирана големата сложувалка која изминативе два месеци беше поставена на терасата на кафе барот Shilla во Охрид, во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој го организираат водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио.

Најсреќна беше Виолета Петковска која испрати фотографија од сложувалката со точен одговор на прашањет0 – кој производ на „Витаминка“ се крие зад сликата. Таа одговори точно дека се работи за производот „Фрути вишна“ и ќе добие вредна награда од „Тамаро“ и „Витаминка“.

violetatocenodgovorИнаку, септември и октомври беа месеци на „Витаминка“ во Охрид, порачуваат организаторите на новиот проект „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“.

– Во текот на овие два месеци, а како продолжение на многуте акции кои ги спроведовме периодов наназад, имавме многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“. Не имаше буквално секаде и ги наградуваме сите. Имавме донации за училиштата во Охрид, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди, а до крајот остана уште изложбата на најдобрите цртежи која ќе биде поставена во кафе бар Shilla. За најдобрите цртежи имаме посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, додаваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука