Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Две лица се повредени при превртување на мобилна машина за сечење дрва.
Сообраќајната несреќа се случила вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населбата Рача, во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“.
Со телесни повреди се здобил и сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24