Охрид, 27. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот и денешниот ден беа донирани средствата собрани од хуманитарниот турнир во Street Ball кој се одржа во заедничка органиција на М.П.З. „Методија Патче“ од Охрид и Кошаркарскот клуб „Ав Охрид“.
– Дел од средствата беа донирани на центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“. Останатите средства беа рамномерно донирани на три социјално загрозени семејства и тоа во прехрамбени продукти. Изразуваме голема благодарност на маркетите „Тамаро“ за нивната помош и соработка. Хуманоста не познава граници, велат од М.П.З. „Методија Патче“ од каде додаваат дека се секогаш со народот и за народот и дека и во иднина ќе продолжат со хуманитарни акции. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива