октомври 29, 2017

Охрид, 29. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ продолжува со активностите за чистење низ градот.

За денеска од 13:00 часот е предвидено чистење на просторот околу зградите во населбата „Христо Узунов“, која воедно ќе биде 25-та еколошка акција на оваа организација. Заинтересираните граѓани можат да земат учество, а зборно место е задниот  влез на ОУ „Христо Узунов“.

„Чист Охрид“ и преку оваа акција ќе се обиде да ја пробуди нашата свест за чиста и здрава животна околина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука