Охрид, 29. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде претежно сончево, утрото посвежо, а преку денот малку потопло. Попладне облачноста ќе се зголеми.
Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер, а во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 14. степени.
– Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќето места ќе се спуштат под нулата, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес