Охрид, 31. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Општина Охрид денеска ќе се одржи инфо ден за програмата „Еразмус плус“ на кој ќе биде претставена програмата на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014-2020“.
Ќе бидат презентирани и иницијативите на Европската унија – „Еуропас“ и „Евридика“, како и детали од досегашните успешно спроведени проекти.
Организатор е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а настанот е со почеток во 12:30 часот.
Инаку, „Еразмус плус“ е интегрирана програма на Европската Унија во областа на образованието, обуката и младите, и генерално нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции. Од 2014 година Република Македонија стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус и се стекна со статус на Програмска земја. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива