Струга, 31. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојништво“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(52) од прилепското село Ново Лагово.
Пријавениот казнените дела ги сторил на 18-ти овој месец во 09:15 часот пред аптека на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука го забележал вработениот во аптеката и видно агресивно, со нож во рацете и со закани по неговиот живот, побарал да му даде седативи.
Вработениот успеал да се сокрие во аптеката и настанот го пријавил во полициската станица, каде набрзо пристигнале полициски службеници. При нивната интервенција, Б.Д. со ножот во рацете пружал активен отпор и продолжил со закани кон униформираните полициски службеници. Тој е приведен во полициска станица каде со него е извршен разговор. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива