Мостар/Охрид, 1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Охрид го забележаа и четвртиот пораз во втората АБА лига, откако загубија на гостувањето во Мостар од Зрињски со 93:62.
Домашниот состав имаше предност во текот на целиот натпревар. На половина мечот тимот на Зрињски веќе имаше предност од 16 поени, а во продолжението по само десет минути успеа да го удвои водството за на крај да стигне до убедлива победа.
Во победничката екипа најефикасен со 20 поени беше Рамљак, Соколовиќ постигна 15, а Миличевиќ беше стрелец на 13 поени.
Во редовите на Охрид, Бери впиша 22 поени, а Томас додаде 13. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30