ноември 2, 2017

Охрид, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на судиите на Република Македонија, Амбасадата на САД и CEELI институтот од Прага, денеска и утре во Охрид организираат меѓународна судска работилница за зајакнување на судската независност и транспарентност преку ревизија на судската одговорност.

На научно-стручната расправа ќе се дебатира за судската реформа во насока на обезбедување правични и транспарентни механизми за одговорност на судиите како претпоставка за независност при слободно судско одлучување, за судската одговорност, професионализамот и интегритетот во перспектива на незавиност на судиите, за дисциплинската, кривичната и граѓанската одговорност на судиите во контекст на судското одлучување и нивното влијание врз судиите.

Ќе се дебатира и за обезбедување транспарентна постапка и минимални процесни гаранции за заштита на судиите – субјект на дисциплинка постапка, како и за улогата на судовите во евалуација на работата на судиите во дисциплинска постапка.

На научната расправа ќе се обратат американски, домашни и регионални судии кои, како што велат организаторите, имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики како и да ги дискутираат другите судски примери од практиката.

Финалните препораки од расправата, во вид на заклучоци ќе бидат земени во предвид за натамошни измени и дополнувања на законските решенија. (Крај)

извор: А1Он фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука