ноември 2, 2017

Охрид, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граничната полиција, регионален центар Запад, вчера пресече илегален канал за нелегална трговија со сурово кафе од Република Македонија кон Република Албанија. Во акцијата се одземени вкупно 540 килограми сурово кафе, спакувани во девет вреќи и натоварени на три коњи.

– Граничната полиција, акцијата ја реализира во раните утрински часови во атарот на дебарското село Селокуќи, а по претходни оперативни сознанија дека на тој потег, се врши организиран транспорт на сурово кафе, кое од селото, со коњи се транспортира во Република Албанија. Во нелегалната трговија со кафе, учествувале две лица кои од Република Албанија остварувале илегален влез на територијата на Република Македонија до селото Селокуќи, а потоа, со натовареното кафе се враќале по илегалниот пат назад кон македонско-албанската граница. Двете лица, за кои Граничната полиција има сознанија за нивниот идентитет, успеале да избегаат на различни страни, а полициските службеници ги одзедоа коњите со натоварените девет вреќи сурово кафе. Граничната полиција презема дополнителни мерки за целосна реализација на овој случај на нелегална трговија, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука