Струга, 2. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Нов културен бран“, во Клубот на пензионери во Вевчани ќе биде поставена изложба на уметнички фотографии од Анастас Ќушкоски.
Изложбата носи наслов „Часовникот“ и е одлична можност за сите вљубеници во ваквиот вид на уметност да ги видат и доживеат делата на Ќушкоски. Свеченото отворање е закажано за 11-ти ноември во 17:00 часот. (Крај)
извор: Strugaonline фото: архива
Прочитано: 16