ноември 3, 2017

Охрид, 3. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со доделувањето на наградите на најдобрите цртежи пристигнати на ликовниот конкурс, привршуваат активностите во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, кој го организираа водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио.decashilla2decashilla3

Зад нас се два месеци дружба, награди, донации и многу насмевки кај нашите најмали и најмили охриѓанчиња, порачаа Александра Алексијевска и Жанко ЗШ Голабоски синоќа во име на организаторите на забавата која беше организирана во кафе бар Shilla во Охрид.

decashilla4 decashilla5– Денес кафе барот Shilla е многу поубав со цртежите на нашите другари. Сите тие се победници, нивните цртежи се најубави на цел свет и најслатки како производите на нашите пријатели од „Витаминка“. Како што веќе знаете официјално ги прогласивме септември и октомври за месеци на „Витаминка“ во Охрид. Имавме многу дружба, донации за основните училишта каде учат најмладите се оние кои најмногу ги сакаат Смоките, Чоко топчињата и сите останати производи на „Витаминка“. Секој ден на Супер радио доделувавме ранчиња, топки и многу вкусни „Витаминка“ производи, имавме супер настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“, доделивме награди за вредните домаќинки кои направија торти и слатки со производите на Витаминка, игравме кошарка со „Витаминка“, а сега стигнавме до моментот кога треба да доделиме некоја награда и за дечињата кои цртаа ликовни творби со мотиви на Охрид во рамките на ликовниот конкурс. За нив имаме многу вредни награди, а за најдобрите цртежи ќе организираме и посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, порачаа организаторите во преполната Shilla.

decashilla6 decashilla7А најдобри цртежи на конкурсот имаа: Павел, Сара, Ема, уште една Сара и најдобриот цртеж на кој имавме нацртано едно големо срце кое го испративме до сите – цртежот на Ева Карамитре. Спонзорите за сите дечиња кои беа одбрани во поширокиот избор од 30 цртежи обезбедија вредни награди, а награди имаше и за сите други дечиња во Shilla. Сите уживаа во вкусните производи на „Витаминка“ и шегите со Жанко ЗШ Голабоски.

decashilla8 decashilla9– Младите уметници кои ги нацртаа најдобрите пет цртежи, заедно со по еден родите ќе имаат можност да ја посетат фабриката каде се произведуваат највкусните „Витаминка“ производи. Тие ќе имаат еден супер ден со „Витаминка“, Тамаро и Супер радио, со што и ќе го заокружиме целиот проект, додаде Алексијевска.

decashilla10 decashilla11Таа во име на „Витаминка“, Тамаро и Супер радио им се заблагодари на сите за поддршката на овој проект и најави дека и во иднина ќе имаме уште поголеми и уште поинтересни вакви акции на задоволство на сите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука