ноември 5, 2017

Цирих,5. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гуереро, доби 30-дневна суспензија поради „ненормалните“ резултати на допонг тестот кој му бил направен по завршувањето на квалификацискиот натпревар против Аргентина одигран на полетокот на октомври.

„Претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА не извести дека Гуереро привремено е суспендиран. Моменталната ситуација е таква. Неговиот тест покажува ненормална количина на стимулативно сретство. Во овој момент тој не се води како позитивен на допинг“, објави Фудбалскиот сојуз на Перу.

Привремената суспензија значи дека Перу без својот капитен ќе ги игра двата бараж натревари против Нов Зелнад за пласман на Светското првенство во Русија.

Баражите на програмата се на 11 и 15 ноември. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука