Охрид, 5. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Објавена програмата за одбележување на 7-ми ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.
Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија ќе реализираат повеќе свечености и настани.
Во вторник од 10:00 часот во Спомен паркот на Револуцијата ќе биде положено свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци, а во селото Рамне ќе се одржи Панихида пред споменикот на Јасна Ристеска. За напладне е закажана Свечена културно-уметничка програма во големата општинска сала.
Во 13:00 часот свечено ќе биде предаден во употреба реновираниот објект „Развигорче“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, која ќе го одбележи и својот патронен празник. Од 18:30 часот е закажан седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патчев“- Охрид.
Од 19:30 часот во просториите на ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи свеченост по повод воведувањето бесплатен курс за изучување на рускиот јазик, во соработка со Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес