ноември 7, 2017

Атланта,7. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Бостон постигнаа нова победа вкупно деветта сезонава и се тим со најдобар скор (9-2). Со тоа што по двата стартни порази Бостон има девет победи.

На гостувањето кај Атланта, Бостон победи со 110:107. Најдобар поединец на дуелот беше Кајри Ирвинг со 35 поени и 7 асистенции. Победничката екипа по 25-та промена на водството на 1:37 минута докрај успеа да ја залува предноста откако тројка реализираше Ирвинг.

Првакот Голден Стејт на домашен терен убедливо го совлада Мајами со 97:80, додека Бруклин победи на гости кај Феникс со 98:92. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука