ноември 9, 2017

Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како заокружување на прославата на 25-годишниот роденден, Супер радио започна уште една акција за помош на охридските компании.

– Во чест на роденденот, сите компании од Охрид кои имаат потреба од реклама, истата ќе ја добијат КОМПЛЕТНО БЕСПЛАТНО во текот на следните 30 дена на најдобрата локална радио станица во државата. Охридските фирми се исклучително важни за да може да функционира градот, треба да се развиваат и да одат напред, младите да останат тука и сл. па затоа, и на овој начин сакаме да помогнеме во нивната работа затоа што маркетингот е од исклучително значење за секоја помала или поголема компанија. Охрид нам ни даде 25 прекрасни години, ова е најмалку што можеме да сториме за луѓето во него, кои се оној вистинскиот Охрид и кои заслужуваат многу повеќе, порачуваат одговорните.

Од Супер радио испраќаат ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите за убавите зборови и желби за роденденот. Додаваат дека сите заинтересирани можат да испратат повеќе инфо за маркетинг услугата која им е потребна на официјалниот маил на станицата [email protected].

Акцијата трае до 08.12.2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука