Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Безбедноста на децата во сообраќајот“ е темата на денешното предавање што Одделението за превенција при СВР Охрид ќе го одржи во основното училиште „Св. Наум Охридски“ во Пештани.
Темата е посебно адаптирана за учениците од прво и второ одделение и ќе се одржи низ интензивен проактивен однос со најмладите.
Во рамките на денешната сообраќајна едукација, на најмладите ќе им биде презентиран практичниот тематски дел за безбедно движење по коловозот при нивното движење од домот до училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21