Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 11-ти ноември ќе биде работна за учениците во основните и средните училишта, со распоред на часови од среда.
Од Министерството за обрзаование и наука велат дека според планот за работа на училиштата во текот на учебната година треба да се одработат 180 дена. Зимскиот распуст ќе почне на 30-ти декември и ќе трае до 21-ви јануари, а летниот ќе почне на 9-ти јуни и ќе трае до 31-ви август, па така ќе недостасуваат четири работни дена.
Претстојнава е втора работна сабота, што значи на учениците ќе им останат уште две работни саботи во второто полугодие. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16