Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Уште еден пораз за кошаркарите на АВ Охрид во Втората АБА лига.
Во вчерашниот натпревар на домашен терен загубија од Рогашка од Словенија со резултат 56:78. Ова беше втора едноподруго победа за словенечкиот тим, а петти пораз за охридските кошаркари.
Во нашиот состав најефикасни беа Емир Зимиќ со 15 поени и 12 скока, а Станислав Цонков имаше 10 поени. Следната среда АВ Охрид игра на гости во Белград, кај Динамик. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23