ноември 9, 2017

Охрид, 9. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот за прекугранично претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција, Охрид утре ќе биде домаќин на Конференција за размена на искуства.

Настанот ќе се случува во хотелот „Тино“ – Св.Стефан, а се очекува конференцијата да ја отвори градоначалникот Јован Стојаноски. Покрај ова предвидено е да се одржи и саем за вработување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука