Охрид, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претседавачот на новоизбраниот Совет на општина Охрид, Славица Петровска, за понеделник 13-ти ноември ја свика втората седница, на која како прва точка е предвидено избор на претседател на Советот.
Со дневниот ред се предвидени вкупно 13 точки, кои се однесуваат на предлог решенијата за формирање на повеќе општински комисии, а како последна точка е и Предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година.
Почетокот на седницата е во 11:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32