Охрид, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови вршители на должност.
За в.д директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. В.д директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Љупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска – Деспотоска.
За в.д директор во ОУ„Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел- Нади е новиот в.д директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.
Од денес нов в.д директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова и доаѓа на местото од Роза Костеска.
Наредниве денови ќе бидат објавени имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите воспитно – образовни установи во градов. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: архива