ноември 11, 2017

Охрид, 11. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со месеци Општата болница од Оxрид работи со блокирана сметка поради долг од речиси 3 милиони евра.

Условите за работа тешки, бројот на пациенти се зголемува, болницата кубури со средства, а дополнително доспеваат и нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката Славица Малеска за 24 Вести вели дека состојбата е алармантна, затоа што условите да се работи со блокирана жиро сметка се исклучително
тешки.

– Од моментот кога стапив на оваа функција сметката беше блокирана. За овој период таа сметка се надоградува. Долгот беше некаде од 2,5 до 3 милиони евра, вели Славица Малеска, директор на Општа болница – Охрид.

За решавање на овој горлив проблем се чека помош од министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување кои уште поодамна се запознаени со лошата финансиската политика на установата.

Повеќе ОВДЕ. (Крај)

извор: 24 Вести фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука