Охрид, 12. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во септември во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Во два случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а кај три правен субјект. Предвидената вредност на објектите е 577 887 000 денари.
Во анализираниот период, во Општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.
На ниво на Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика, во септември се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25.3% помалку во однос на истиот месец од претходната година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16