Охрид, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд кои ги имаме деновиве позитивно влијаат на водостојот на Охридското езеро.
Според мерењата објавени на веб страната на ЕЛЕМ, денеска нивото на езерската вода е на 693,26 метри надморска височина, односно девет сантиметри над нултата кота (693,17).
Со оглед на најавите од метеоролозите дека не очекуваат врнежливи денови, токму тоа ќе повлијае на подобрување на хидролошката состојба на езерото, која периодов наназад е загрижувачка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 17