Охрид, 14. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бројни верници, мештани, охриѓани и гости присуствуваа на црковно народниот собир што по повод денешниот верски празник посветен на Светите Бесребреници Козма и Дамјан се одржа во истоимената црква во охридското село Речица.
На покана на црковниот одбор, на собирот присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски, кој заедно со верниците се помили за добро здравје, а присуствуваше и на празничниот црковен ручек. (Крај)
извор/фото: Општина Охрид
Прочитано: 29