ноември 17, 2017

Охрид, 17. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поставени в.д директори и во јавните претпријатија „Проаква“ и „Градски гробишта“.

Со одлука на градоначалникот Јован Стојаноски, за вршител должност директор на МЈП „Проаква“ назначен е Владимир Алексијовски, а во „Градски гробишта“ поставена е Татјана Дамјаноска.

Со ова се комплетира листата со имиња на новите директори во јавните претпријатија во Охрид. Минатата недела беа поставен в.д директори на „Билјанини извори“ – Гордана Јованоска, на „Нискоградба“ – Гоце Ѓоршески, на „Охридски комуналец“ – Љупчо Грданоски и на „Градски пазар“ – Кристина Крлеска – Деспотоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука