ноември 18, 2017

Охрид, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на серијата неформални обуки, од вчера на Факултетот за туризам и угостителство започна тренингот за професионални пекари.

Оваа обука под водство на Мирко Ангелковски предвидено е да трае до 28-ми ноември. Учесниците на првиот ден се запознаа со основните рецепти и видови тесто.

За време на тренингот тие ќе научат да подготвуваат мини пецива и пити, крофни,кроасани, виенски колачи, како и палачинки. Следно, ќе ја совладаат подготовката на различни видови леб (со интегрално брашно, со семиња, маслинки, медитерански леб, багет), како и тајната на изработка на италијанското тесто.

Часовите се реализираат од понеделник до сабота,во периодот од 14:00 до 20:00 часот.

Обуката е во организација на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и охридскиот Факултет за туризам и угостителство, во насока на промоција на вработувањето во туристичкиот сектор.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука