ноември 18, 2017

Охрид, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Следната недела во Охрид ќе се одржи завршната конференција од проектот „Поддршка на прекугранично претприемништво/Транснационален бизнис консултант“. 

Главна цел на оваа конференција ќе биде претставување на резултатите од проектот и крајните негови корисници, како и да го зголеми дијалогот меѓу претприемачите, локалните власти, консултантите, финансиските институции и другите релевантни засегнати страни.

Предвидено е учество да земат претставници од проектните партнери од Република Македонија и Република Грција, како и консултанти, претставници од бизнис сектор, локални и регионални власти и финансиски институции и ќе презентираат различни аспекти за подобрување на претприемништвото во прекуграничниот регион.

Завршната конференција ќе се одржи на 23-ти ноември во хотелот „Аквалина“ со почеток во 09:00 часот.

Како дел од проектот за прекугранично претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, на почетокот на месецов Охрид беше домаќин на Конференција за размена на искуства и саем за вработување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука