Охрид, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид известуваат дека е завршен увидот по пронаоѓањето на безживотното тело, кое во 11 часот и 55 минути беше забележано во водите на Охридското Езеро, во близина на плажата „Бафало бич“, кај мостот на каналот Студенчишта.
Констатирано било дека се работи за 24-годишниот Филип Ѓ. од Кичево, кој имал престојувалиште во Охрид. Денеска беше извршено препознавање на безживотното тело од страна на член на неговото поблиско семејство, а по наредба на Јавен обвинител, во болницата во Битола, ќе биде извршена обдукција.
Филип во СВР Охрид бил пријавен за исчезнат на 16-ти овој месец. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 21