ноември 19, 2017

Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се задржи променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата се очекува да достигне 10. степени.

– Кон крајот на денот во западните и северните делови од земјава ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќта и ќе продолжат и утре  претпладне, кога ќе дува и засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, стои во информацијата од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука