ноември 19, 2017

Охрид, 19. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната организација Society of Wetland Scientists ѝ даде поддршка на иницијативата на Охрид SOS за прогласување на Охридското Езеро и Студенчишко Блато за Рамсар подрачје.

– Пред неколку дена, до премиерот на Република Македонија, министерот и заменикот министер за животна средина и просторно планирање и претседателот и координаторот на националниот Рамсар комитет тие доставија писмо за поддршка и забрзување на овој процес, со оглед дека Преспанското и Дојранското Езеро се веќе Рамсар подрачја, додека Охридското Езеро стои на shadow листата на The Ramsar Convention on Wetlands веќе децении иако, неспорно ги исполнува условите за номинација, информираат од Охрид SOS.

Додаваат дека изминатиов период, членови на Охрид SOS, заедно со членови на SWS работеле на оваа проблематика, со цел да се придвижат работите и Охридското Езеро (заедно со Студенчишко Блато) да стане Рамсар подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука