Економија Избор Охрид

Здружението „Совест“ денес со нови детали за градењето на минарето на Али пашината џамија

Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се` погласни се реакциите во јавноста околу изградбата на минарето високо 32 метри на Али пашината џамија во охридската чаршија.

Од Здружението на граѓани за заштита и промоција на културни вредности „Совест“ од Охрид најавија дека денес ќе соопштат нови детали околу „незаконските градежни работи на Али Пашината џамија во центарот на Охрид“.

dzamijaohridcentarАли Пашината џамија претставува споменик на културата заштитен уште од 1968 година. Со донесување на Законот за заштита на културно наследство во 2005 година, главна обврска беше на институцијата од заштита да изработат елаборат за ревалоризација на сите поединечно заштитени објекти, истакна неодамна поранешната директорка на охридскиот Завод и музеј Тања Паскали – Бунташеска.

TanjaPaskali– Па така беше изработен елаборат, во конкретниов случај за оваа џамија. Беше разгледан од комисија и усвоен, по што се изработи предлог за прогласување на споменикот за значајно културно наследство, по што беше донесено и решението за негово прогласување како такво, напомена Паскали Бунташеска.

Со оглед на тоа што објектот претставува поединечно заштитено споменичко добро, Завод и музеј Охрид пристапил кон изработка на проект за конзерваторско реставраторски работи и реконструкција на џамијата.

Согласно законот, најпрво беше изработена програма за конзерваторкси истражувања. Истражувачките работи на џамијата ги извршија стручни лица од оваа област. Врз основа на програмата, од Управата за заштита добивме одобрение за вршење на конзерваторските истражувања, информира Паскали Бунташеска.

odobrenie 1– На таа џамија се извршени многу градежни работи кои не соодветсвуваа на архитектурата, всушност беа изведени како дивоградби од тогашното муфтиство. Беше изведен несоодветен трем во висина приземје и кат, несоодветни изградби и доградби на источната страна од џамијата, објектот беше премалтерисан со цементен малтер, што не е дозволени да се употребува како материјал при конзервација,ориганалните варови малтери и оригиналната декорација беа уништени. Истаржувањата ги направивме со цел да видиме како изгледала џамијата во периодот кога била прогласена како споменик на културата и според нашиот закон да ја вратиме во автентична состојба. Точно е дека минарето е високо 32 метри, но тоа е дел од еден споменик на културата. На овој простор имаше остаток од постоечкото минаре во висина од 6,5 метри, истакна Паскали Бунташеска.

dzamija1Таа рече дека изработиле проект за конзервација, а Управата за заштита на културното наследство издала решение за заштитно – конзерваторски услови. Врз основа на овие услови се преминало кон изработка на идеен проект, па потоа и основен проект со сите фази. На крајот Управата издала конзерваторско одобрение.

Градежните работи започнаа во месец април оваа година. Реконструкцијата на овој споменик на културата од 16 век ја разбранува јавноста кога медиумите објавија дека со проектот се предвидува надградување на минарето од џамијата во висина од 32 метри. Проектот го финансира дирекцијата на вакуфи на владата на Република Турција а носител и корисник е ИВЗ.

dzamija3Конзерваторско ретавраторските работи и реконструкцијата на џамијата се пропратени со реакции од граѓаните дека се прекршуваат закони, дека изведувачот не ги поседува потребните одобренија, пријави од граѓани до Државната градежна инспекција и Управата за заштита на културното наследство. Но, истовремено за цело време од другата страна  нетранспарентност на надлежните инспекциски служби кои не проговорија јавно за тоа дали работите се одвиваат во целост согласно законските прописи.

Од граѓанско здружение „Совест“ и претходно побараа стопирање на проектот, ставање на целокупната документација на увид на јавноста, и можност да се види дали се испочитувани законите. Тие побараа и поширока јавна дебата на која ќе се земе во предвид ставот на населението за еден ваков проект, кој доколку се реализира ќе се смени ликот, не само на чаршијата, туку и градот кој е под заштита на УНЕСКО. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави