ноември 20, 2017

Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Охрид.

– Тој, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, на две катастараски парцели на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, изградил семејна куќа. Како инвеститор на градбата, тоа го направил спротивно на законот за градба по што од страна на градежен инспектор извршен е инспекциски надзор. Притоа, со записник било потврдено дека се работи за бесправно изграден објект, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука