ноември 21, 2017

Кичево/Охрид, 21. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе  кривична пријава против 53-годишниот О.С. од Охрид, 59-годишниот М.П. од Скопје и една година помладиот С.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство, постапување и промет со опасни материи или штетни организми, семенски или саден материјал“.

– На 21-ви март оваа година, кај село Трапчин, Кичево, при преглед на лица и возило „Фиат линеа“, во кое што биле второ и третопријавениот, биле пронајдени 57 пластични шишиња со жива со чистота од над 99 отсто, а со тежина од 9,8 килограми. Опасната материја, по претходен договор со првопријавениот, требало да ја транспортираат од Скопје до Охрид. Шишињата со жива, првопријавениот, од 2012 година до 21.03.2017 година, ги чувал во изнајмен стан во Скопје.(Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука