ноември 22, 2017

Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Марина на Охрид му е неопходна, но при изборот на локација за таков инфраструктурен зафат треба исклучително да се внимава, со цел да се избегне загадување на Охридското Езеро, смета екологистот Лазо Наумоски.

Тој предупредува дека секоја нечистотија која влегува и го загадува езерото од него си заминува после 70 години.

– Секоја нечистотија која влегува во езерото за побргу да си замине од него треба да е поблиску до истекот на водата на Охриското Езеро. Нејзиното заминување од езерото може да биде 5 – 10 години, вели Наумоски.

Тој додава дека источниот дел од езерото не смее многу да се деградира ниту да се загадува, дотолку повеќе што од планината Галичица доаѓаат најголемиот дел од изворите на Езерото. Тој предлага марината да се изгради на реката Даљан – Коселска река, а реката Грашница со нејзините води да се пренасочи во реката Даљан.

– Марината да се изгради по сите европски и светски стандарди кој ке бидат во интерес за заштита на езерото со незината флора и фауна. Секоја нечистотија која ќе биде производ од објектите кој ке се стационирани во марината ќе си замине према истекот на езерото за многу пократок временски период. Плажите од стариот град Грашница, хотел „Мизо“, Даљан и Извиднички ќе се еколошки чисти и добри за развој на езерскиот туризам. Градското пристаниште да остане како појдовна станица за пловните објекти и прифаќање на гостите и туристите како и нивно враќање после пловидба на Охриското Езеро, потенцира Наумоски во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука