Охрид, 22. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски.
– Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на „Охридското лето“ во 2013 година одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар, соопштија од фестивалот по веста дека рускиот баритон починал синоќа на 55 години по тешко боледување во својот дом во Лондон.
Од Дирекцијата наведуваат дека Хворостовски одушевил со неговата скромност и харизма и дека ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на „Охридско лето“.
Ја пренесуваат и неговата изјава по концертот во Охрид каде пристигна заедно со синот Максим:
– Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство. (Крај)
извор: Охридско лето фото: архива