ноември 23, 2017

Струга, 23. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи од Струга во два одвоени случаи поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Џ.М. од Дебар и 37-годишниот Б.В. од село Велешта, струшко.

– Во првиот случај Џ.М. како инвеститор, во Дебар, на улица „Ристо Крле“, без одобрение за градење, изградил доградба на деловен простор од метална конструкција, на просторот помеѓу два објекти, во сопственост на Република Македонија, а во вториот случај Б.В. како инвеститор, во Струга на улица „Мислешевски Пат“, спротивно на одобрението за градба и основниот проект, изградил еден кат повеќе на објектот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука