Охрид, 24. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, деновиве учествуваше на свеченостите по повод одбележувањето на ослободувањето од фашистичкиот окупатор на црногорските градови Котор и Будва.
Во рамките на посетата Стојаноски остварил официјални средби со првите луѓе на овие општини, Владимир Јокиќ и Драган Краповиќ, на кои се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка.
Соработката се темели на потпишаните документи за збратимување со Будва, од 1984 година и протоколот за соработка со Котор, потпишан во септември оваа година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид
Прочитано: 29