ноември 24, 2017

Охрид, 24. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По бројните еко патроли, велосипедски тури, промовирањето на движењето, планинарењето и здравиот начин на живот, Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“ денеска реализира и крводарителска акција.

Основачите и 20-на членови од клубот на Одделението за трансфузиологија при охридската општа болница ја даруваа драгоцената течност.

Krv2

Од клубот велат дека целта е да се мотивираат и останатите клубови да реализираат вакви акции, како и да ги потсетат младите дека дарувањето крв е еден благороден потег со кој се спасува нечиј живот.

На Владимир Мујоски ова му беше 30-то дарување крв, а на Милчо Костески 31-во. И двајцата потенцираа дека секое дарување крв значи спасување живот, па со оваа хумана мисија ќе продолжат и понатаму.

Krv5

Доктор Марија Алексиеска, од Одделението за трансфузиологија  ја пофали оваа акција и упати апел до други клубови и здруженија да го следат овој пример, а исто така и до младите повеќе да даруваат крв.

Претседателот на Здружението „Зш авантура“, Жанко Голабоски најави дека клубот ќе продолжи со вакви и други хуманитарни акции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука