ноември 26, 2017

Струга, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре и задутре во Струга ќе се одржува обука во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“.

Ова е втора обука во серијата обуки наменети за претставници од локалните власти и граѓанското општество.
Организатори се Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА од Скопје, Здружението на финансиски работници од Велес и Европското движење.

На втората обука насловена „Раководење со проектен циклус и ЕУ фондови“, која свечено ќе биде отворена утре во хотелот „Дрим“, ќе се обратат амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и Катица Јанева како претставник од АЛДА.

Проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Активностите придонесуваат кон воспоставување на соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти како и креирање на овозможувачко финансиско опкружување за мали локални организации. Овој проект ќе овозможи зајакнување на улогата на граѓанските организации како клучен фактор во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Проект е финансиски поддржан од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и програмата за медиуми 2015. Обуките се кофинансирани во рамките на програмата за соработка Нормандија – Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука