ноември 26, 2017

Струга, 26. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 28-годишниот И.М. од Струга пријавил во Полициската станица во Струга дека пред два дена, на 24-ти овој месец, околу 20:00 часот, бил повреден со нож позади „Пензионерскиот дом“ во Струга.

– Инцидентот се случил кога претходно на лице место, со патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, во сопственост на неговата сестра, пристигнало лицето М.Н. кое управувало со возилото. Кога пристигнале и излегле од возилото, М.Н. ненадејно со нож го прободел во пределот на десната страна на грбот, по што И.М. паднал на земја. Тогаш, М.Н. со јаже му ги врзал нозете, му го одзел возилото и заминал во непознат правец. По околу 20 минути, И.М. успеал да се одврзе и отишол во еден угостителски објект, од каде со лицето Ј.М. се упатиле во Медицинскиот центар во Струга, информираат од МВР.

Додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука