ноември 29, 2017

Охрид, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид повторно со негативен природен прираст.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тромесечие од оваа година на подрачјето на општина Охрид биле родени 78 бебиња, а бројката на починати лица е 101. Во овој период не се регистрирани починати новороденчиња.

За разлика од второто тромесечие годинава, кога прирастот беше + 8, во третиот квартал е евидентиран негативен природен прираст од 23 лица.

Во однос на бројот на склучените бракови во анализираниот период бројката во Охрид е 109. Кај бројот на разводи повторно е евидентиран пад. Во месеците јануари, февруари и март беа евидентирани 45 разводи, во вторите три месеци од годинава 22, за во третиот квартал да има само 8 разводи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука