Охрид, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Читател на OhridPress, револтиран од тоа што го видел на локалитетот кај „Паднатите борци“, веднаш над Охрид, ни испрати неколку фотографии на кои јасно се гледа овој нов – колективен срам за Охрид.
Несовесните фрлаат се` што ќе стигнат, веднаш до патот кој води кон Велестово и само на неколку стотини метри од главниот пат Св. Наум – Охрид.
Најголемиот дел од ѓубрето е во близина на ранохристијанската базилика и некропола „Студенчишта“ и седиштето на Националниот парк „Галичица“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Милчо Костевски
Прочитано: 125