Охрид, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Специјалното возило „пајак“ периодов е мошне раздвижено низ охридските улици.
Денеска во придружба на припадници на сообраќајната полиција ги „ловеше“ неправилно паркираните возила на улицата „Македонски просветители“, на кракот што излегува на улицата „Абас Емин“.
Сообраќаен знак е поставен, но кој да го види или подобро кажано да го почитува. Па, така честа е сликата на тротоарот да има паркирано возила.
Ваква слика се среќава и низ други охридски улици, каде возила се качени на тротоар, а пешаците одат по коловозот. Па,доколку не сакате да платите казна, паркирајте на места одредени за тоа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27