ноември 30, 2017

Охрид, 30. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Средното училиште СОСУ „Кирил и Методиј“ утре ќе биде домаќин на Денот на рециклирање за животната средина во училиштето.

Настанот треба да започне во 12:30 часот и треба да заврши околу 14:00 часот. Ќе го води ученичкиот младински клуб, Охрид GLOW/YMLP Club кој има договор со фирма од Скопје – „Нула Отпад“ ДОО, за да преземе големо количество неупотребливи компјутерски компоненти за еколошки безбедно рециклирање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука